Во Барселона претставен Robocar – првиот автономен електричен болид

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Roborace на Mobile World Congress (Светскиот конгрес за мобилна технологија) во Барселона го претстави првиот автономен електричен болид во светот.

Тркачкиот автомобил се вика Robocar, а неговиот главен дизајнер е Даниел Симон, кој вообичаено дизајнира футуристички возила за холивудските научнофантастични блокбастери, како на пример Tron: Legacy и Oblivion.

https://www.facebook.com/roborace/videos/873958779402956/

Robocar тежи 975 кг, долг е 4,8 и широк 2 метри, а може да развие брзина до 320 км/ч. Има четири мотори кои заеднички имаат моќност од 402 КС, а енергија црпи од батеријата од 540 KW. Тркачкиот автомобил е изработен од карбонски влакна.

Автомобилот користи повеќе различни технологии за автономно возење, како што се 18 ултрасонични сензори, два оптички сензори за брзина, шест камери, пет ЛИДАР системи, шест камери, GSNN позиционирање, како и Nvidia Drive PX2 процесор кој може да изврши до 24 милијарда операции во секунда.

Roborace нуди и платформа за сите компании кои сакаат да развиваат сопствени самовозечки софтвер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK