Внимавајте кај соседите: Бугарија и Србија меѓу трите најнебезбедни земји за возење

ОБЈАВЕНО НА:

Истражувањата направени во Германија од страна на невладината организација ETSC (Eвропски совет за безбедност во сообраќајот) покажаа дека Бугарија и Романија се двете земји коишто имаат најголем индекс на настрадани во сообраќајни несреќи.

Бугарија е на неславното прво место на оваа листа на најопасни земји за возење во Европа. Според податоците во 2016 година биле регистрирани дури 708 настрадани во сообраќајни несреќи. Со оглед на тоа дека има 7,2 милиони жители индексот е 99.

Веднаш зад Бугарија е Романија со индекс 97, додека на третото место е уште еден сосед на Македонија. Србија ја има третата најслоша оценка од 86.

Најдобро рангирани на листата се Норвешка и Швајцарија кои имаат индекс од 26. Добар индекс има и Шведска (27), а потоа следуваат Велика Британија (29), Данска (37) и Холандија (37).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK