Од компанијата Hyundai ги претставија првите информации за целосно новата генерација на хит моделот за брендот i20, кој требаше да дебитира за време на саемот во Женева. Но, саемот е откажан, па сега ќе има веројатно поинаква промоција.
Фотографијата дава доволна визуелна информација за новите големи екрани, со кои ќе биде претставена новата генерација на моделот, како и за инталацијата на индиректното осветлување, која го осветлува долниот дел на ентериерот, во зависност од избраниот режин на работа на автомобилот – сино за Normal, зелено за Eco и портокалово за Sport.
Новата генерација на Hyundai i20 ќе располага со два 10.25-инчни екрани, еден инструментален и еден инфо-комуникациски мултимедиски, скулптурирани панели на вратите, интегриран систем Hyundai Bluelink Telematics (првпат кај моделот) со функција за информации во сообраќајот, климатизација, цени на горивата, онлајн гласовно препознавање и други во реално време.
Покрај тоа новата генерација на Hyundai i20 исто така ќе се нуди и со функционалност за позиционирање на превозното средство Find My Car, луксузниот аудио систем BOSE, заклучување на вратите на дистанца, навигација до точ, навигација POI, податоци за инсталација на аларми и сервисни услуги.