(ВИДЕО): Volkswagen I.D. R со рекорд на Нирбургринг

Откако минатата година успеа по долги години да го сруши рекордот на Пајкс Пик кој претходно го држеше Себастијан Леб со неговото Peugeot, сега електричниот I.D. R е новиот лидер на легендарната патека во Нирбургринг.

Овој спортски електричен модел на Volkswagen ја извозе патеката за 6:05,336 минути што е помалку за 40-тина секунди од Nio EP9 , a при тоа просечната брзина изнесуваше 204,96 км/ч.

Овој модел инаку располага два електрични мотори кој комбинирано продуцираат 507 kW однсоно 680 КС. Со тежина од 1.100 кг I.D. R до 100 км/ч забрзува за само 2,25 секунди и во моментов е најрбрзиот електричен автомобил.