(ВИДЕО) Може ли VW Up! против Golf II?

Може ли малиот градски автомобил VW Up! GTI против Golf mk2 GTI? На видеото прикажано погоре може да се забележи дека овој мал автомобил е далеку побрз од популарната голфова двојка.

И двата автомобили се во својата најмоќна производствена изведба. Оставајќи ги карактеристиките од под хаубата, Up! има поголема предност во однос на Golf II пред се поради тоа што овој модел е далеку полесен од Golf II oдносно тежината на овој мал автомобил изнесува 997 килограми додека на Golf Mk2 изнесува 1.245 килограми.

Во однос на моќноста, GTI изведбата на Golf располага со 110.5 КС додека онаа на Up! располага со 113 KС, но со далеку помала кубикажа од 1.0 cc наспроти Mk2 кој има мотор со 1.8 cc.

Очигледно, тежиноста и староста си ја одиграа својата улога па Up! GTI стигна прв на целта.