(Видео): Како се прави McLaren 720S од лего коцки

За време на годинешното издание на Goodwood Festival of Speed во Велика Британија, McLaren ја претстави специјална верзија на новиот 720S направена целосно од LEGO коцки.

За реализацијата на проектот биле потребни 2000 часа и повеќе од 280.000 коцки, а последните 12.000 биле поставени од страна на посетителите и учесниците на Goodwood Festival of Speed 2017.

LEGO макетата на McLaren 720S тежи над 1,6 тони, што е речиси како и тежината на вистинскиот суперспортен автомобил со 1.283 килограми.