Бркотниците меѓу полицијата и возачите што мислат дека лесно може да избегаат понекогаш минува со спектакуларна завршница на која и претходат случувања како на филм. А особено интересно е кога полицијата треба да сопре некој мотоциклист, бидејќи тие лесно може да излезат од патот, да се движат по трева, на скали. Полицијата понекогаш е приморана и да употреби сила за да ги сопре „неразбраните“ возачи.

Она што се случи во Талин, Естонија покажува необичен начин да му се застане на патот на овој мотоциклист кој бил „фатен“ како вози и со 200 км/ч.
Сето тоа е снимено и со видео камера од полициското возило, па дури и кавгата потоа меѓу нив и прекршителите.

Но, среќа што се мина без сериозни повреди.