(Видео): Fiat 500 ANNIVERSARIO – специјален подарок за прославата на 60. роденден

Fiat 500 Anniversario е на располагање во верзиите лимузина и кабриолет и се навраќа на иконата Made in Italy од 1957 преку современо навраќање на некои карактеристики кои го направија слацен во годините на долче вита.

Тому на 4 јули 1957, за прв пат во Торино беше претставен „малиот голем автомобил“ одлика на моторизација на масата. Успехот се повторува со обновувањето во 2007, а потоа и со верзијат од 2015, која токму оваа година ја надмина бројката од два милиони продадени примероци. Fiat 500 Anniversario е подарок кој 500 го дава на оние кои сакаат специјална серија, богата со ексклузивни содржини и по пристапна цена за сите. Токму Fiat 500 Anniversario ќе се продава по промотивна цена при лансирањето од 13.600 евра, кои може да се намалат и за 1.000 евра во случај на финансирање со Menomille. За да го прослави на најдобар начин својот роденден, 500 предвидува и плаќање на 99 евра месечно во текот на две години, со можност за задржување, менување или враќање на автомобилот.

Стилските детали се плод на современа реинтерпретација на единствените стилски одлики на прапредокот. Новата специјална серија ссе карактеризира со изглед од шеесетите кој потсетува на историскиот автомобил, како и две нови бои на каросерија, инспирирани од ненадминливата икона со хромирани елементи на хаубата и заднинана ретровизорите, историски логоа на Fiat, како и наплатки од лесна легура од 16″ vintage или алтернативен дизајн со дијамантска обработка која потсетува на некогашните. Елеганцијата на автомобилот ја истакнува логото “Anniversario” со ракописни хромирани букви на задната врата.

Однатре, секој детаљ е осмислен за да ги долови стилот и атмосферата од шеесетите години, но со иновативен допир. Новите штофени седишта на хоризонтални риги во целосен стил sixties, co извезени подлога и лого 500, во склад со бојата на каросеријата, портокалова Sicilia и зелена Riviera, кои евоцираат на перодот на долче вита. Отсекогаш, Fiat 500 поседува изглед кој не може да се имитира, а Anniversario ги издигнува виталноста и енергијата кои се искажани преку таблата во боја на каросеријата. И во внатрешноста е присутно логото “Anniversario”, извезено на патосниците.

Виталноста од шеесетите е надополнета со технологија од последната генерација: Новиот Fiat 500 Anniversario го нуди најдоброто од комфорот и поврзувањето. На располагање е пакет UconnectTM Link Plus кој вклучува дигитална инструмент табла TFT 7″, радио Uconnect 7” HD LIVE, подготовка за Apple Car Play e Android AutoTM и, по барање, навигатор, интегриран со мапи Tom Tom.
Гамата ја комплетираат бензинските мотори, моторите со напојување на GPL и дизел моторите со моќност од 69 до 95 КС.