Го паркираше своето Ferrari, отвори врата и следуваше ужас (ВИДЕО)

Не, ова не е видео вест која доаѓа од Русија туку малку западно, Романија. А вообичаено во Русија се случуваат слични работи.

Имено, возач на Ferrari 458 Italia беше во центарот на вниманието во Букурешт каде со својот супер автомобил предизвика вистинско внимание во главниот град на Романија.

Сепак вниманието на воодушевените гледачи стана уште поголемо откако сопственикот на Ferrari автомобилот остана без врата. Паркирајќи внимателно, невнимателно ја отвори вратата на автомобилот, а на истата налета Mazda 6, чиј возач немајќи шанса да застане ја собра целата врата.

Остана нејасно дали имало и „трето полувреме“ и објаснување кој е виновен, но секако најмногу профитира сервисот што треба да го поправи возилото.