Во Кина секојдневно се случуваат многу незгоди и несреќни случаеви, каде во најголема мера причинител се луѓето пред сѐ поради нивното неприлагодување на брзината на условите на патот.
Овој Кинез имал многу среќа во градот Таижоу кога излетал од патот и се „паркирал“ на покривот на една куќа. Видеото покажува како возачот ја губи контролата над автомобилот и излетува.
Кога полицијата дошла на местото на незгодата, возачот изјавил дека додека возел наеднаш се појавил трицикл, а и тој за да го избегне притиснал на педалот, но наместо на сопирачката, тоа бил педалот за гаста.