На својот YouTube канал, холандската екипа AutoTopNL објави најново видео во кое главната улога ја има моделот 458 на Ferrari.
При тоа е прикажано забрзувањето на овој модел од 0 км/ч до максимални 310 км/ч. Воопшто рамнодушни нема да ве остави ниту звукот кој ќе го “разбуди” вашиот адреналин.
Токму за звукот се погрижи 4,5 литарскиот V8 мотор кој продуцира максимални 445 kW односно 597 КС при 540 Nm обртни моменти.