2.0 литарски четири цилиндрен мотор, 1.216 КС и забрзување до 100ка за само 2.53 секунди и сето ова спакувани во Golf II, звучи неверојатно, но вистинито.
Авто ентузијасти здружени во клубот Boba Motoring успеаа да создадат уште еден супер моќен Golf кој благодарение на 1.216 КС забрзува до 300 км/ч многу побрзо отколку што очекувате.
Така, до 100ка забрзува за 2.53, а до 273 км/ч за само 8.69 секунди, перформанс на кој може да му се возхитат и Lamborghini Huracan, Ferrari 488, па и Bugatti Veyron.
Како излгеда забрзувањето можете да погледнете на видеото прикажано погоре.