Започна производството на Jeep Gladiator

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во декември минатата година по пауза од 26 години американскиот производител Јееp го најави пикап моделот Gladiator, започна и официјалното производство. Од објавената фотографија на Jeep форумот, може да се види како од фабриката на FCA во Толедо (Охајо) излегува првиот произведен модел Gladiator.

За потсетување, Jeep Gladiator во целост се темели на истата платформа како и Wrangler, а името доѓа од историскиот модел Jeep Gladiator кој беше дел од понудата на американскиот производител помеѓу 1962 и 1988 година.

Во понудата доаѓа со неколку видови на мотори. Основниот е бензински 3.6 литарски V6 со VVT технологија и стоп-старт систем, а максимум ќе продуцира 280 КС. Тука е и 3.0 литарскиот дизелски V6 мотор кој во понудата ќе биде воведен во 2020 година. Двата мотори ќе бидат достапни со мануелни и автоматски менувачи.

Покрај на пазарот во Америка каде овој модел ќе се натпреварува со Chevrolet Colorado, GMC Canyon, Ford Ranger, Toyota Tacoma, Honda Ridgeline и Nissan Frontier, достапен ќе биде и во Европа и покрај тоа што од FCA се песимисти околу продажните бројки на “Стариот континент”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK