Водородниот камион на Hyundai тргна кон Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundai објави дека првиот сериски тешкотоварен камион со водороден погон во автомобилската индустрија, XCIENT тргнал кон Европа, каде што ќе биде користен во трговски цели.

Првото доставување на десет претставници на Hyundai XCIENT е наменет за Швајцарија.

До крајот на годината се очекува да достигне до 50 единици. Очекувањата за следните пет години се да биде достигната бројка од 1600 примероци.

Водородниот Hyundai XCIENT е со автономност од околу 400 километри, а следниот чекор во развјот на портфолиото на брендот ќе биде развојот на влекач, кој ќе понуди слободен опсег од 1000 километри.

Погонскиот систем на Hyundai XCIENT, кој е со должина од 9.745 мм, висина од 3.730 мм и ширина од 2.515 мм е со моќност од 260 коњски сили, а резервоарите се седум со вкупен капацитт од 32,09 килограми водород.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK