Во Норвешка повеќе продадени електрични возила отколку возила со класични мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Норвешка веќе неколку години е лидер кога е во прашање продажбата на електрични возила. Последните вести кои доаѓаат од Осло се вистински доказ за тоа.

Оваа скандинавска земја е првата во светот каде продажбата на нови електрични возила ја надмина продажбата на возила опремени со традиционалните СУС мотори.

Така во текот на целата 2020 година продадени се вкупно 141.412 нови возила од кои 76.789 биле електрични. Тоа претставува пазарен удел од над 50%.

“Нашите преелиминарни предвидувања за продажбата на електрични возила покажуваат дека тие ќе надминат над 65% од вкупната продажба во 2021 година” изјави Кристина Бу која е прв човек на норвешката асоцијација за електрични возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK