Во Европа 11 месеци по ред опаѓа продажбата на нови возила

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци на Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA) покажуваат дека регистрациите на нови автомобили во мај 2022 година достигнале ниво од 791.546 единици, што е 11. последователен месец на пад. Намалувањето е 11,2%, што е 13,7% од почетокот на годината, на ниво од 3.721.774 единици.

ACEA истакнува дека во мај 2022 година ЕУ пријавила двоцифрен пад на секој од главните пазари – Италија (-15,1%), Шпанија (-10,9%), Германија (-10,2%) и Франција (-10,1%) .

Слична е ситуацијата во главните четири и на крајот од првите пет месеци од годината – Италија (-24,3%), Франција (-16,9%), Шпанија (-11,5%) и Германија (-9,3%).

Во автомобилската индустрија во Еу работат 12,7 милиони работници (директно или индиректно) што е 6,6 отсто од работните места во ЕУ. Оваа индустрија прави 76,3 милијарди евра суфицит за ЕУ, и обртот што го прави е 8 отсто од ГДП на ЕУ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK