SUV моделите на Mini ќе се произведуваат во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година раководството на Mini објави дека ќе ги следи глобалните трендови на популаризацијата на SUV возилата со лансирање на два модели.

Сега пристигнуваат нови информации околу ова според кои производството на овие модели ќе се спроведува во Лајпциг, Германија.

Производството треба да стартува не подоцна од 2023 година, а премиерата на продукциските модели за очекување е да се случат кон крајот на следната или почетокот на 2022 година.

Единствено познато засега е дека еден од овие модели ќе биде SUV изведбата на Countryman кој ќе дојде и со електрична верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK