Соработка: Новиот Dodge Journey на база на Alfa Romeo Stelvio

ОБЈАВЕНО НА:

Новата втора генерација од моделот Journey на Dodge ќе се базира на Alfa Romeo Stelvio, покажуваат последните информации од FCA.

Уште кон крајот на минатата година се шпекулираше дека новиот Journey ќе се базира на истата платформа како и Alfa Romeo Stelvio т.е. платформата Giorgio па оттука се појавија и рендери кои потсетуваат на Stelvio.

Од богатата понуда на мотори кои изминатите години беа понудени под хаубата на Journey, со новата генерација сигурно место обезбеди 2,0 литарскиот турбо четирицилиндарски мотор со 276 КС и 475 Nm обртни моменти.

За потсетување, моделот Journey до пред неколку години во Европа се продаваше под брендот на Fiat носејќи го називот Freemont.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK