Руски UAZ има конкуренција за RAV4, Qashqai и Sportage

ОБЈАВЕНО НА:

Руските медиуми донесоа информација дека UAZ има автомобил со кој може да им парира на Toyota, Nissan и Kia. Моделот UAZ-3170 e подготвен да влезе во трка со Toyota RAV4, Nissan Qashqai и Kia Sportage.

Новиот УАЗ-3170 ќе биде развиена на платформа за самоносечка каросерија со независно потпирање на сите четири тркала. Шасијата на носиот кросовер ќе биде унифицирана со платформата од проектот „Една модулна платформа“.

Според прелиминарните податоци, должината на моделот ќе изнесува 4600 mm, а должината меѓу оските 2850 mm, додека клиренсот ќе биде поголем од 200 mm. Се претпоставува дека во функционалност и големина, новиот руски автомобил ќе се натпреварува на пазарот на кросовери со Toyota RAV4, Nissan Qashqai и Kia Sportage.

Се претпоставува и дека ќе има две варијанти на мотори. Атмосферски, 2,5-литарски со моќност од 145 коњски сили и 2.3-литарски турбокомпресор со две нивоа на моќност – 150 и 170 коњски сили. Двата мотори ќе бидат со развој на тековната SLM-406, но доработени во соработка со странски производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK