Први фотографии од кросоверот на Путин

ОБЈАВЕНО НА:

Последните неколку месеци редовно има информации за новите автомобили на високите руски државни службеници, а тука беше вклучен и претседателот Владимир Путин. Се работи за возилата од проектот „Кортеж“. Користејќи ги податоците за моделите од гамата и некои папарацо фотографии, направен е обид да се изработи цртеж за тоа како би изгледал кросоверот.

Порано се појавија и фотографии на седанот од ова семејство, кој може да се нарече Aurus – навестување за „руско злато“. Кросоверот ќе има слична решетка на ладилникот со вертикални шини и предни светла со идентична светлечка графика на ЛЕД елементите. Кросоверот ќе има класични пропорции со долга предна хауба.

Страничните делови на возилото ќе бидат доста едноставни, без испакнатини, но со два светлосни печати. Одзади ќе има доста голема светлина, растегнати по хоризонтала и поврзани логично со хромирана плочка. Кросоверот ќе има и два одделни излези на издувниот систем.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK