Претставен првиот пик-ап на BMW (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Пред околу половина година на интернет се појавија првите рендери за првиот пик-ап на BMW со кој овој производител треба да му конкурира на Mercedes X класа. Овие рендери и шпекулации за производство на овој модел беа брзо отфрлени.

Сепак се чини дека на крајот овој модел ќе влезе во сериско производство откако истиот овој концепт беше премиерно изложен во BMW Welt во Минхен.

На равојот на овој модел работеа 10-тина инжинери, а основата произлегува од моделот X7. Поради конструкцијата овој пик-ап е за 200 кг полесен во однос на наведениот SUV модел. Багажниот простор е обложен со дрвени панли и овој простор е со максимална должина од 2 метри.

Сепак и покрај премиерата, овој модел засега не е потврдено дали ќе влезе во сериско производство.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK