Познати цените за Polestar 2

ОБЈАВЕНО НА:

Во февруари годинава Polestar премиерно го претстави моделот 2, а откако порано годинава се појави на кинескиот пазар сега конечно пристигна и во Европа.

Овој модел располага со два електро мотори кои заедно развиваат 402 КС и 660 Nm обртаи. Батеријата која е со капацитет од 78 kWh овозможува да со едно полнење помине околу 500 километри што е повеќе од претходно најавуваните 400 километри.

Со овие технички карактеристики овој автомобил беше најавен дека ќе чини 39 илјади евра, но официјалните цени се повисоки од најавуваните. Така во Германија овој автомобил чини 58.800 евра, а нешто поскап е во Белгија и Холандија. Во рамките од 57 до 62 илјади евра изнесува цената и во останатите западни земји.

Сепак, иако е веќе достапен за купување, првите испораки се очекуваат на почетокот на следната година кога ќе стартува и рпоизводството во фабриката во Чанду, Кина, каде се спроведува и производството на моделот 1 на Polestar.