Подновен Ford Focus, но само за Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Две години по премиерата на моделот Focus од новата генерација на кинескиот пазар, претставена е рестилизираната верзија наменета токму само за пазарот во оваа земја.

Премиерата Focus ја имаше на саемот во Гвангжу кој во моментов се одржува во Кина. На истиот овој саем Ford меѓу другото ги претстави сите верзии на моделот Focus.

Во однос на подновениот Focus, истиот доаѓа со нова предна маска, нов браник и нови LED светла. Во внатрешноста новитет е екранот осетлив на допир кој доби поголема форма. Тука се и новите седишта како и дополнителната опрема.

Во однос на мотористиката и натаму останува непроменета, а централно место во кинеската понуда зазема 1,5 литарскиот атмосферски бензинец кој продуцира максимални 122 КС.

Во продажба подновениот Focus доаѓа на почетокот на следната година, а почетната цена изнесува 16.600 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK