Ова е победникот на “Светскиот автомобил на годината 2019”

ОБЈАВЕНО НА:

Традиционално, организациониот одбор на престижната награда “Светски автомобил на годината” на самиот почеток на саемот во Њујорк го прогласува победникот на оваа престижна награда.

Меѓународното жири составено од 86 членови од 18 земји за најдобар светски автомобил го прогласија Jaguar I-Pace кој на првата позиција заврши во конкуренција на Audi E-Tron и Volvo S60.

Во категоријата на “Урбан автомобил” помеѓу финалистите Hyundai AH2 / Santro, Kia Soul и Suzuki Jimny победата ја однесе јапонскиот претставник додека за најлуксузен автомобил е прогласен Audi 7.

jaguar i pace

Покрај престижната награда за “Светски автомобил на годината”, Jaguar I-Pace се закити и со признание за дизајн на годината и “најзелен” автомобил на годината.

За потсетување, минатата година оваа престижна награда му припадна на Volvo XC60, а за прв пат истата беше воведена во 2005 година кога наградата му припадна на моделот А6 на Audi.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK