Откако замина од Ferrari: Фетел ги продава своите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Не е никаква тајна дека возачите на Формула 1, особено оние кои завршувале на подиумот, поседуваат низа ретки спортски автомобили. Такви поседува и четирикратниот Формула 1 шампион, Себастија Фетел кој објави дека продава дел од суперавтомобилите кои се дел од неговата лична колекција.

Листата на автомобили кои се продаваат започнува со Ferrari LaFerrari од 2016 година. Овој автомобил има поминато само 490 км, а ја има максималанта фабричка опрема. Покрај овој, се продаваат уште неколку други модели од брендот на Ferrari. Најпрво станвуа збор за моделот Enzo од 2004 година со поминати 1.790 км, а тука е и моделот F50 од 1996 година со поминати 6.940 км.

Овој 33 годишен Германец го продава и многу реткиот Ferrari F12 TDF кој се продава по нешто над еден милион евра. Овој автомобил има поминато само 1.200 км. Тука е и моделот 458 Speciale за кој не се очекува висока цена поради фактот што е произведен во 2015 година и е релативно нов.

Фетел го продава и BMW Z8 Roadster од 2002 година кој има поминато 21.700 км, како и два модели на Mercedes-Benz: SL65 AMG од 2009 година со поминати 2.800 км и SLS AMG Gullwing со поминати 6.928 км.

Причината поради која ги продава автомобилите засега не е позната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK