Opel Omega X – оживување на легендата или само една од желбите?

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет просторот се повеќе се збори за лансирањето на нов, голем SUV модел на Opel кој ќе го носи култниот назив Omega. Засега нема никаква потврда од страна на PSA Групацијата за овие најави, но веќе се појавија и неколку рендери за можниот изглед на овој модел.

Очекувано, димензионално, но и во понудата, Omega X ќе се позиционира на Grandland X, а ќе дојде како четврти SUV во понудата по Mokka X, Crossland X и Grandland X.

Некои медиуми сметаат дека реализацијата на оваа идеја е веќе пред извршување. Тие го потенцираат фактот дека PSA Групација успеа за многу кратко да го врати германскиот производител на профитабилни патеки, па поради тоа, но и одличната продажба на SUV моделите наскоро ќе го лансира овој модел. Се наведува дека концептот ќе биде претставен уште на саемот во Франкфурт оваа есен.

Image result for opel omega x

Овој популарен назив беше искористен во периодот од 1986 до 2003 година од страна на Opel и General Motors за моделот од Е сегментот. Како престижен автомобил на Opel, овој модел се продаваше на три континенти, а беше понуден во комбинација со 20-тина различни мотори.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK