Одлична реклама: Super Bowl 2018 ќе биде во знакот на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Супер бол натпреварот во НФЛ лигата во САД во 2018 година ќе биде можност за промоција на возилата на Hyundai, кој ќе биде еден од спонзорите на најголемиот настан во американски фудбал. Годинава тоа беше Kia која имаше можност за презентација на своите возила, па поучени од тој пример во Hyundai веќе се подготвуваат за она што ќе следува кога двете најдобри екипи од сезоната која е во тек ќе имаат пресметка за големиот трофеј.

Од Hyundai допрва ќе треба да се изјаснат околу автомобилите со кои ќе се рекламираат за време на завршниот натпревар од сезоната во НФЛ.

„Да се биде спонзор на НФЛ ни дава можност вистински да ја интегрираме нашата програма преку ТВ, но и преку социјалните мрежи, како и на теренот во Минеаполис. Ќе имаме можност да им ги покажеме нашите најнови возила и технологии на сите кои ќе бидат присутни на овој меч, но и на оние коишто ќе го следат овој меч“, вели Дин Еванс од Hyundai.

Засега е јасно дека во Минеаполис ќе бидат донесени 275 кои ќе бидат користени за транспорт на персоналот и на волонтерите околу овој натпревар.

Супер бол мечот ќе се одржи на 4 февруари следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK