Обновената Porsche Panamera премиерно на 26 август

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche преку соопштение потврди дека премиерата на обновената Panamera ќе се случи на 26 август.

Станува збор за освежување на втората генерација чие производство започна во 2016 година во Лајпциг. Оттука, се очекува измени во светлата и предниот и задниот браник. Тука е и новиот дифузор како и благо модификуваниот ентериер.

Во однос на мотористиката, централно место и натаму ќе зазема 4,0 литарскиот twin-turbo V8 бензински мотор кој продуцира максимални 634 КС при 832 Nm обртни моменти. Тука се и останатите 3,0 литарски и 2,9 литарски V6 бензински мотори.

Инаку Porsche објави уште едно ново видео од рекордното возење на Нирбургринг. Овој модел, поточно Turbo S верзијата успеа да извози еден круг за време од 7:29.81 минути со што постави нов рекорд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK