Нови ознаки на имињата на моделите на Jaguar Land Rover

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Jaguar Land Rover воведува нов систем во имињата на своите модели, што треба да ги направи лесно препознатливи. Новите индекси ќе се појават следната година. Први што ќе добијат нов амблем со ознака ќе биде Range Rover Velar, пишува магазинот Auto Express.

Британското списание го објаснува новиот систем со фотографија од родстерот Jaguar F-Type. Индексот P380 AWD се дешифрира како “P” за “бензин” (Petrol), 380 за коњски сили и AWD за четири тркала. По аналогија, помалиот модел со 2.0-литарски мотор ќе го носи индексот P300.

Основната модификација на Velar со дизел агрегат ќе се вика D180, а првиот електромобил на Jaguar I-Pace ќе добие ознаката E400, во кое “E” значи “електрични”, а 400 – моќта на електромоторите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK