МВР: 340 лица возеле во спротивен правец минатата година

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупно 340 лица во 2019 година возеле во спротивен правец или не ја држеле страната согласно сообраќајните правила, покажуваат последните податоци објавени од страна на Министерството за Внатрешни работи.

Ова претставва намалување во поглед на 2018 година кога по истата основа казнети биле 390 лица односно 462 лица во 2017 година.

Најголем дел од овие возачи биле казнети на територијата на СВР Штип и тоа 76 возачи, а потоа следи СВР Велес со 64 и СВР Битола и СВР Охрид со по 44 казнети возачи. Најчесто се работи за возачи што сакале да „скратат“ и возеле во еднонасочни улици каде тоа е забрането.

На територијата на СВР Скопје за недржење страна и правец на движењето, минатата година биле казнети 34 возачи, на територијата на СВР Куманово 42 додека на територијата на СВР Струмица и СВР Тетово казнети биле 15 односно 21 возач.

За возење во спротивен правез е максималната парична казна и плус одземање на возачката дозвола.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK