среда, 25 јули, 2025 година

Мотоцикл, ама на водка – постави рекорд (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Моторите и алкохолот не се добра комбинација, но Рајан Монтгомери од Монтана во САД има потполно право да го тврди спротивното. Тој е сопственик на дестилерија, која го носи неговото име и освен по производството на пијалоци со висок степен на алкохол, тој е познат и како вљубеник во брзото возење на мотори.

Последните неколку години Рајан вози модифицирана, но оштетена Yamaha XS650 за работа на… водка. Целта му е да постави рекорд во брзина на Соленото езеро во Боневил со мотор, а истиот ќе се движи на биоетанол од отпадните продукти при дестилација на алкохолот.

- Advertisement -

Првично 41-годишниот ентузијаст немал никаква претстава ниту од ремонт на мотори, ниту како да ја приспособи старата Yamaha да вози на водка, но со многу трпени, стотичи часови труд во гаражата во својот дом и помошта од пријатели успева не само да ја придвижи на алтернативно гориво, туку и да остане пријатено изненаден од можностите на машината.

Во Боневил мотоциклот на Рајан наречен Sudden Wisdom („Ненадејна мудрост”) по името на водката, која ја произведува Montgomery Distillery, забрзува до 113 милји/ч  (181.82 км/ч) – доста повеќе од првично планираните 98 милји/ч (158 км/ч).

Постигнувањето се покажа како нов рекорд за мотоцикли на алтернативно гориво во класата до 750 см3, произведени пред 1980 година.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја