Многу награди за одличен старт на годината на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

После само два месеци во новата година од Hyundai Motor имаат причина за големо задоволство бидејќи успеаја да дојдат до девет меѓународни награди во Европа. Тие заработија награди за моделите како i30, KONA и IONIQ, а признание за „револуционерен модел” доби електричната верзија на KONA и тоа уште пред официјално да биде претставена.

„Освојувањето на толку многу награди покажува дека продуктите на Hyundai ги убедуваат нашите клиенти, но исто така и влијателните експерти во областа на индустријата и медиумите. Ни претстојат уште повеќе нови лансирања на продукти така што ќе продолжиме да ја шириме нашата понуда“, вели потпретседателот на одделението за Маркетинг и продукти во Hyundai Motor Europe, Андреас-Кристоф Хофман.

Најголем принос за деветте награди на Hyundai од почетокот на годината е семејството на новата генерација на i30, кое допринесува со вкупно пет награди, а од нив три се специјални и први од видот за спортската верзија i30 N.

Со награди пред крајот на првите два месеци од годината исто така можат да се пофалат и Kona, NEXO и i10.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK