Lamborghini го покажа „тркачкиот“ Urus (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кросоверот Lamborghini Urus стана официјален автомобил за безбедност на тркачките серии Super Trofeo. Веќе беа објавени и фотографии од тоа како ќе изгледа ова возило кое ќе треба да се појавува на патеката на стартот од трките, но и во моментите кога ќе треба да има одреден прекин за да ги предводи автомобилите.

Дебито на пистата на Urus ќе биде направено на патеката „Силверстоун“. Програмата за оваа година ги вклучува и трките на „Мизано“ во јуни, на „Спа Франкоршамп“ во јули, на „Нирбургринг“ во септември и на „Валелунга“ во ноември.

Трките од серијата Super Trofeo се обновена верзија на Lamborghini Huracan Super Trofeo, која беше промовирана минатиот септември.

Покрај додавката EVO кон името на суперавтомобилот, тој доби и оптимизирана аеродинамика, разработена заедно со Dallara Engineering.

Има и десетцилиндричен атмосферски мотор со обем од 5,2 литри и моќност од 620 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK