Кризата го менува планот: Hyundai го префрла производството од САД во Јужна Кореја

ОБЈАВЕНО НА:

Ако пред некоја деценија, Hyundai Motors го префрлаше производството од својата матична земја во САД, со цел да ги намали транспортните трошоци, сега, под влијание на економската криза предизвиката од пандемијата на коронавирусот, Hyundai го враќа производството во Јужна Кореја.

Како што објави и самата американска дивизија на овој производител, крајната цел на ова е да се задржи работната сила во фабриките во Јужна Кореја. Работните места на илјадници работници се под знак прашалник токму поради намалената побарувачка, а со овој патриотски потег, Hyundai нема да отпушти ниту еден работник во Јужна Кореја.

Најмногу ќе настрада фабриката во американската сојузна држава Алабама од каде дел од производството ќе биде префрлено во Улсан, каде и се наоѓа седиштето на овој произвдоител.

Сепак, од Улсан во Алабама ќе се префрли дел од производството на моделот Tucson, што е доволно за да се задржи балансот.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK