Кој е посилен? Се судрија Lamborghini Huracan и Dacia Logan (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сообраќајки има секојдневно, ама кога во неа ќе учествува возило што чини стотина илјади евра, а притоа другиот учесник ќе биде десетина пати поевтино возило тогаш е секогаш интересно да се погледне што се случило.

Lamborghini Huracan и Dacia Logan учествуваа во сообраќајна незгода која се случи во центарот на Букурешт пред неколку денови. Како што пренесува романската телевизија Digi24, која објави и видео од местото на настанот, двете возила се движеле во ист правец по што поради непознати причини се судриле.

При тоа, како што може да се забележи од видеото, Логанот заврши на покрив, а кај другото возило причинета е помала материјална штета.

Во настанот нема потешко повредени лица, а полицијата работи на утврдување на сите околности и причини за оваа сообраќајна незгода.

За многумина сигурно е интересно што поголема штета има кај Logan, иако спортските возила важат за „понежни“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK