Како изгледа новиот хиперавтомобил на Lamborghini? (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Lamborghini ги објави првите фотографии, видео снимки и информации за новиот хиперавтомобил, кој ќе биде во финалниот облик во текот на ова лето.

Lamborghini SCV12, кој ќе биде произведен во лимитиран тираж ќе биде наменет за употреба единствено на тркачка патека или за затворена траса на движење.

Ќе биде опремен со најмоќниот V-образен, 12-цилиндричен мотор во целата историја на брендот. Максималната моќност на моторот, кој се наведува од компанијата е над 830 коњски сили.

Lamborghini SCV12 ќе се одликува со целосно карбонска шасија, погон на задните тркала, 19 и 20 инчни тркала (предни/задни), тркачки гуми Pirelli, 6-степен секенционален менувач и други.

Идните сопственици на SCV12 ќе учествуваат во специјално организирани настани  и училишта за возачки способности на некои од најпознатите тркачки патеки низ целиот свет.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK