Изгледа чудно, ама и ова е Harley-Davidson (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Одделот за електрични велосипеди на Harley го претстави Bash / MTN, планински велосипед на батерии без суспензија, со што Harley-Davidson се приклучува на бумот за електрични велосипеди со нова ограничена серија планински велосипеди, кои ќе се произведуваат во мали единици по висока цена.

Познатиот производител на големи американски мотоцикли има проблем со привлекување на младата публика. Во обид да ги придобие помладите купувачи кои еден ден може да се префрлат на класиката на марката, Harley го лансираше брендот Seria 1 кон крајот на 2020 година. Брендот сега нуди избор од четири модели, а неговата најнова понуда е ова ограничено издание eMTB (електричен планински велосипед) наречен Bash / МТN.

Oд Seria 1 велат дека велосипедот е за сериозни теренски терени, но исто така не е многу комплициран. Bash / MTN го започна својот живот како лична конструкција за еден од инженерите на компанијата, врз основа на почетниот модел на брендот, Mosh / City. Тоа значи и истиот погонски ремен, моторот Brose S Mag, кабли, сопирачки итн., но Serial 1 го зајакна за теренски.

Bash / MTN користи гуми Michelin E-Wild и седиште со суспензија SR Suntour NCX, за кое компанијата вели дека „го амортизира и го штити ‘рбетот“. Бојата наречена Yucca Tan, заедно со некои специјални графики како графити го комплетираат овој изглед.

Со својата заменлива батерија од 529 вати има максимална брзина од 32 км/ч. и во зависност од тоа како го возите, опсег од 50 до 140 км. Има и нова апликација која може да пренесува какви било податоци на вашиот паметен телефон.

Ништо од ова нема да биде евтино, се разбира. Како и другите модели на Serial 1, ќе платите 3.995 долари, но ќе се направат само 1.050 парчиња од што 525 за САД и 525 за Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK