Hyundai и Kia инвестираат 80 милиони евра во Rimac

ОБЈАВЕНО НА:

Хрватскиот претприемач Мате Римац на свечена конференција во Загреб на почетокот на овој месец објави дека познат компанија ќе инвестира свеж капитал во Rimac Automobili. Сега, по само некоја недела мистеријата е решена. Јужнокорејските производители Hyundai и Kia се тие кои ќе инвестираат во хрватската старт-ап компанија и тоа близу 80 милиони евра.

Првиот производител ќе инвестира 64 милиони евра додека остатокот ќе го инвестира Kia. Овие пари ќе бидат наменети за истражување и развој на нови два заеднички електрични автомобили со високи перформанси кои ќе треба да се презентираат на јавноста кон крајот на следната година.

Своето задоволство од овој договор го изразија двете страни, а особено се среќни Хрватите кои се надеваат дека бројката од сега вработени 500 лица во оваа компанија значително ќе порасне по бранот инвестиции.