Голем пад на продажбата на Skoda – 31% за првите шест месеци од годината

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda забележа голем пад на продажбата во првите шест месеци од годинава. Според официјалните податоци на чешкиот производител во првата половина годината забележан е пад од 31% спроедбено со истиот период минатата година.

Најголемо негативно влијание врз овој резултат има пандемијата од коронавирусот која придонесе и за сопирање на производството во речиси сите фабрики на производителот.

Така во периодот од јануари до крајот на јуни испорачани се 426.700 нови автомобили што придонесе и за голем пад на приходите остварувајќи оперативен профит од 228 милиони евра што претставува пад од 72%.

Од Skoda се уверени дека овие финансиски резултати значително ќе се подобрат до крајот на годината, а особено во наредните две години кога треба да бидат лансирани и апдејтирани 30-тина модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK