Фордоманија: Купи Fiesta за 10.990 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Сакајќи да им го приближи поблиску на потенцијалните купувачи моделот Fiesta од Ми-Да Гранд Моторс почнаа акција со која истото возило сега е достапно по специјална цена од 10.990 евра. Специјални цени има и за другите модели од понудата на Ford во Македонија.

Ова е дел од најновата кампања наречена „Фордоманија“ каде покрај за Fiesta, специјални и атрактивни цени има и за Ford Mondeo и Ford Kuga.

„Сега е вистинското време за вашиот нов Ford бидејќи почна ФОРДОМАНИЈА. Се одлучивме, првпат, да понудиме и промотивна атрактивна цена за новата Fiesta, како и специјални цени и за Ford Mondeo и за Ford Kuga. Со новата Fiesta на потрошувачите сакаме да им понудиме единствено искуство да не избираат меѓу стимулирачките перформанси на возилото и економичноста. Може да имаат сѐ. Атрактивна цена на возило, опремено со петкратниот носител на титулата Меѓународен мотор на годината 1,0-литарскиот Ford EcoBoost бензински мотор. Со автоматскиот систем Start-Stop ќе штедат на гориво секогаш кога ќе застанат на семафор“, велат од Ми-да Гранд Моторс.

Новата Ford Fiesta 1.1i со 70 КС, која промотивно од денес се продава по цена од 10.990 евра, благодарение на интегрираната паметна технологија нуди комфорно и единствено искуство додека се возите. Возилото е опремено со SYNC 3 системот (во верзиите Titanium и нагоре) за да го олесни живеењето, системот B&O PLAY го прави животот позабавен, а панорамскиот кров може да се отвори за да се направи секое возење уште попријатно.

Системите за безбедност се еден од приоритетите во новата Ford Fiesta, осмислени да го заштитат возачот, сопатниците и самото возило. Клучните функции вклучуваат помош пред судир (Pre-Collision Assist) и Заштитници на рабовите на вратите (Door Edge Protectors).

Цената по која се нуди новото Ford Mondeo со 1.5 TDCi со 120 КС е 20.490 евра, додека Ford Kuga со 1.5TDCi со 120 КС се продава за 19.990 евра.

Повеќе инфорамции на следниот линк: http://ford.mk/%D0%A4%D0%9E%D0%A0%D0%94%D0%9E%D0%9C%D0%90%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90

Следете не и на:

24AUTO NETWORK