четврток, 25 јули, 2025 година

Добил затворска казна за возење низ отворен прозор (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кај нас може ова да мине неказнето, но во В.Британија за вакви прекршоци следува и затвор. Еден 19-годишен затворски чувар бил осуден на 12 месеци затвор, од кои најмалку половина од нив ќе мора да мине на неговата поранешна работа. Тој бил снимен како седи на прозорецот на неговиот Golf GTI со брзина од 80 км/ч на патот во Ланкастер, Велика Британија.

Според британските медиуми Даниел Костин бил снимен од страна на друго возило од спротивната страна на патот. Додека Костин се возел и се држел со една рака на покривот, неговата девојка го снимала.

- Advertisement -

Пред судот, Костин ја призна својата вина и објасни дека тој бил едноставно “обземен од моментот”, но замолил за намалување на казната бидејќи немал мисла да си го одземе живот. Сепак, судијата не се согласил.

https://youtu.be/zEKGo3dPA2c

„Она што го направивте на 18 март е поразително, неверојатно глупаво. Поради вас, невини луѓе би можеле да страдаат. Се надевам дека оваа одлука е лекција за вас. Таа можеше да биде и построга, но за ваш среќа во случајот нема податоци за употреба на алкохол или дрога “, изјавил судијата.

Освен што ќе треба да одлежи ефикасно барем половина од едногодишното казна, Даниел Костин ќе мора да одработи и 200 часа општествено корисна работа и да ги плати трошоците за случајот во висина од 340 фунти (околу 377 евра), а возачката дозвола ќе му биде одземена на 18 месеци.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја