Директорот на Nissan поднесе оставка

ОБЈАВЕНО НА:

Се чини дека Nissan сеуште не може да се опорави од скандалот поврзан со Карлос Гон. Овој скандал не само што ги наруши односите помеѓу Renault и Nissan туку и една година подоцна предизвикува “земјотреси” кај јапонскиот производител.

Последната вест која доаѓа од Јапонија е дека извршниот директор на Nissan Хирото Сајкава поднесе оставка која на сила стапува од 16 септември. На негово место привремено ќе дојде Јасуихиро Јамаучи кој ќе биде на оваа позиција додека управниот одбор не го одбере новиот извршен директор, некаде кон крајот на октомври.

Една од причините за оставката е тоа што Сајкава претходно годинава одобрил исплаќање на бонуси на него и други членови на одборот по најразлични основи.