Деновите на Mercedes AMG SL65 се одбројани

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најмоќните модели коишто во моментов гo имаaт Германците, Mercedes-AMG SL 65 нема светла иднина. Се работи за автомобил кој под хаубата има 12-цилиндричен мотор со моќност од 630 коњски сили. Максималниот вртежен момент достигнува неверојатни 1000 Нм.

Сепак, и покрај тоа што се работи за одличен автомобил нема да има долга иднина. Моторот со индекс M279 ќе остане како еклузивен предлог за серијата на Maybach, додека SL65 ќе биде запрен.

Ова се соопштува од страна на Mercedes-Benz Passion. Се работи за блог за германската марка со голем авторитет, кој донесува информација дека во јуни ќе биде ставен крај на производството на SL65.

После оваа информација не е јасно дали AMG воопшто работи на нова генерација на 12-цилиндричниот мотор или се работи за целосно згаснување. Во моментов е јасно тоа дека инженерите во оваа компанија се фокусирани на развојот на четири, шест и осумцилиндричните мотори, а на дневен ред се и хибридните технологии.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK