Дали е ова новото Sandero?

ОБЈАВЕНО НА:

Renault Групацијата ја подготвува третата генерација од моделот Sandero. Овој модел кој за прв пат под брендот на Dacia беше воведен во 2007 година се продава и под брендот на Renault во земји како Русија, Египет, Јужна Африка, Мексико и земјите од Јужна Америка.

За новата трета генерација на интернет се појавија првите неофицијални рендери. Последниот во низата е оној на рускиот сајт Колеса.

Истиот овој сајт ја пренесува и претходно потврдената информација дека моделот ќе се базира на CMF-B платформата која во моментов ја користат Nissan Juke, Renault Clio и Renault Captur.

Неофицијално, овој модел ќе ги има бензинските 1.0 литарски мотори во верзија со 74 КС и 99 КС, а во понудата место би имало и за дизелскиот 1.5 литарски Blue dCi мотор од 84 КС.

На светската јавност овој модел ќе биде премиерно претставен во втората половина од годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK