Азијците владејат со Австралија

ОБЈАВЕНО НА:

Федералната комора за автомобилската индустрија (FCAI) ги објави продажните резултати на нови возила во Австралија. Според истите, најпродавано возило за изминатата деловна година е Toyota Hilux со продадени 47.649 нови возила што иако претставува пад од 7,8% во споредба со 2018 година и натаму е на врвот на листата.

За оваа лидерска позиција, овој модел на Toyota успеа да го победи конкурентот Ford Ranger кој е продаден во 40.960 примероци. Ова е единственото возило на оваа листа кое не е произведено од некој азијски производител.

На третата позиција се најде новата генерација на Toyota Corolla со продадени 30.468 примероци. Најдобрата петорка ја сочинуваат уште Hyundai i30 и Mitsubishi Triton со продадени 28.378 донсоно 25.819 примероци.

Од шесттата до десеттата позиција се наоѓаат Mazda CX-5, Mazda 3, Toyota RAV4, Kia Cerato и Mitsubishi ASX.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK