До 2025 година Volkswagen ќе стане светски лидер за електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen сака да стане светски лидер во производство на електрични возила до 2025 година. Ова го потврди бренд директорот Херберт Дис во склоп на пренасочување на фокусот на енергетски чисти возила по скандалот со фалсификувањето на податоците за емисијата на штетни гасови од дизелските мотори во нивните автомобили.

„До 2025 година планираме да продаваме годишно по еден милион електрични возила, и да станеме глобален пазарен лидер во сегментот на електромобилност. Во иднина нашите електрични возила ќе бидат заштитен знак на Volkswagen, изјавил Дис.

Преминувањето на производството на автомобили на електричен погон ќе се финансира со помош на новите вложувања и поефикасно производство што треба да осигура поголем број на произведени автомобили и помали трошоци. Најавените промени се клучен дел во настојувањето на компанијата повторно да „застане на нозе“ по тешкиот удар што го доживеа по „Дизелгејт“ скандалот.

Volkswagen веќе го најави планот на реструктуирање што опфаќа укинување на 30.000 работни места поради заштеда на 3,7 милијарди евра годишно во периодот до 2020 година. Паралелно ќе се зголеми вложувањето во технологијата на иднината, како што е она поврзана за производство на електрични и автономни возила, и дигитализацјата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK