Официјално е потврден трансферот на Валентино Роси од екипата на Monster Energy Yamaha во екипата на Petronas Yamaha.
Овој трансфер следи откако уште во јануари актуеланта екипа на трофејниот Италијанец потврде дека на негово место доаѓа Фабио Квартараро додека Маверик Вињалес останува по што беше јасно дека за него нема место во оваа екипа следната сезона.
“Во име на Petronas Yamaha и нејзините партнери, голема ми е чест што можам да посакам добродојде на Валентино Роси во нашиот тим” изјави Разлан Разали, шеф на Petronas Yamaha.
Валентино Роси пак изјави дека сеуште е мотивиран да се натпреварува на две тркала и дека со сигурност и следните неколку години ќе биде дел од ова натпреваруваање.