Вака би можела да изгледа новата Lancia Musa

ОБЈАВЕНО НА:

Некогаш премиум бренд и бренд со многу одлични модели во понудата, денес пред исчезнување. Тоа е Lancia, брендот на FCA кој полека изумира.

Веќе неколку години во својата понуда Lancia има само еден модел, Ypsilon и при тоа се продава само во Италија. И покрај тоа, изминатата година, а и во првата половина годинава Lancia оствари поголема продажба во Европа отколку Alfa Romeo.

Тоа дава доза надеж кај љубителите на овој бренд дека можеби сепак наскоро ќе се врати на старите патеки.

Токму поради тоа на интернет се појави и рендер од можниот изглед на новата Musa овојпат во SUV изведба. Концептот е дело на Андреа Бонаморе, а тој го нaјавува и под името Shelyak.

Реализацијата на една ваква идеја е невозможна поради состојбите во FCA и нивната стратешка ориентација кон Jeep, Fiat и Alfa Romeo.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK