Откако претходно пишувавме за сообраќајниот знак кој ги збуни Германците, на германските патишта има уште еден знак кој овој пат повеќе ги збунува Балканците.
Станува збор за сообраќаен знак кој не е толку чест, но знае да создаде главоболки. Бел правоаголник со црна рамка и портокалова стрелка.
Овој сообраќаен знак се користи како препорака да се користи алтернативна рута за пристигнување на крајната дестинација. Причината за тоа е можни градежни активности на патната делница по која се возите или поради отежнато движење поради други причини како гужва.