Уапсени седум лица поради дрифтање на автопат (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уличните трки и дрифтање е особено опасни кога се изведуваат на отворен пат. Полицијата во Сакраменто уапси седум лица и покрена обвинени по 27 точки откако дрифтале на автопат.

Лицата биле уапсени откако со поголема група затвориле дел од автопатот во сојузната држава Калифорнија и дрифтале со своите автомобили. При тоа полицијата регистрирала два инцидента истиот ден предизвикани од истите лица.

Во овој настан учествувале околу 50 автомобили, а сето тоа траело 15 минути при што има и видео запис кој е прикажан во продолжение.

“Тие правеа екстремно опасни работи” изјави меѓу другото Мајк Харис од полицискиот оддел задолжен за регулирање и обезбедување на автопатишата во Калифорнија.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK